На денешните локални избори во Косово, како што пренесува фејсубк-страницата „Митровица сот“, во Призрен гласала и 109-годишна жена
Во Косово, точно 19 часот, заврши гласањето на сите избирачки места, на кои 1 885 448 граѓани гласаа за градоначалници и 1 002 советници во 38 општини.
Бурим Ахмети од Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) изјави дека сѐ е подготвено за пребројување на гласовите. На изборите учествуваа 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.
За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници во Косово се кандидираа 5 198 лица.
Гласачките места беа отворени од седум до 19 часот.
Изборите ги следеа повеќе од 25 000 набљудувачи од политичките партии, иницијативи, коалиции и претставници на независни кандидати, граѓанското општество, медиумите, како и претставници на дипломатските претставништва акредитирани во Косово. Изборите беа следени и од специјален тим за набљудување на Европска Унија.
Интересно е што, како што пренесува фејсубк-страницата „Митровица сот“, на денешните локалните избори во Косово во Призрен гласала и 109-годишна жена.
„109-годишна жена ја изврши својата граѓанска должност во Призрен“,
вели „Митровица сот“ во својата објава на Фејсбук.