Метеоролозите и за утре најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни, а на планините врнежите ќе бидат од снег

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. По одделни котлини и на некои повисоки места ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 0 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 6 до 12 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 2 степена наутро до 10 во текот на денот.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе има облачно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Утре попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и вдолж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер.
Во Скопје, утре се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на повисоките делови од котлината врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура утре ќе се движи од 3 до 19 степени.
