Ова е прва масовна евакуација по 19 септември, кога повеќе од 6 илјади лица беа евакуирани по првата ерупција на вулканот
Стотици лица од шпанскиот остров Ла Палма стравуваат за своите домови и имоти, откако вулканот повторно почна да исфрла лава со што во опасност донесе уште една населба.
Властите на островот наредија итна евакуација на околу 800 луѓе од градот Лос Ланос откако лавата го промени правецот на движење.
Ова е прва масовна евакуација по 19 септември, кога повеќе од 6 илјади лица беа евакуирани по првата ерупција на вулканот.
Експертите велат дека при новата ерупција дел од лавата се отцепила во друг правец, а не кон населбата која беше првично евакуирана.
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, отпатува на островот и ова е негова четврта посета од првата ерупција.
„За жал, веста што ја имаме е дека активноста на вулканот не се намалува, така што тоа не може да се очекува во наредните денови“,
рече Санчез.