На изборите што се одржаа во Чешка вчера и завчера, Милош Земан (77) гласаше во својата резиденција надвор од градот. Од болницата во Прага досега не ги соопштија причините за хоспитализацијата на претседателот, веднаш по денешната средба со премиерот Бабиш
Чешкиот претседател Милош Земан е примен во Централната воена болница во Прага, пренесува РТС.
Портпаролката на болницата не ги соопшти причините поради кои чешкиот претседател е хоспитализиран, ама се очекува директорот на таа здравствена установа да им се обрати на медиумите.
Агенцијата „РИА новости“, повикувајќи се на чешката „Си -ен -ен Прима њуз“ , пренесува дека кратко време по средбата помеѓу Земан и премиерот Андреј Бабиш, возило на брза помош го напушти дворот на претседателската резиденција надвор од градот, придружувано од претседателскиот автомобил.
Телевизијата наведува дека потоа прес -службата на Централната воена болница објавила дека претседателот е хоспитализиран.
На изборите што се одржаа во Чешка вчера и завчера, Земан гласаше во својата резиденција надвор од градот, каде што пристигнувањето на изборната комисија беше прикажано на видео, а моментот на гласање на Земан беше само на фотографија.
Милош Земан (77) минатиот месец помина осум дена во болница. Тогаш бил однесен во болница во инвалидска количка, која често ја користи поради невролошка болест.
