Заев и Јан Коп разговарале и за претстојните локални избори, но и за економските односи помеѓу Северна Македонија и Холандија

Разговорите со Република Бугарија продолжуваат, рекол премиерот Зоран Заев на средба во Владата со амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп. Тој, како што информираа од владината прес-служба, изразил и уверување дека спорот ќе се надмине во наредниот период.
Приемот на холандскиот амбасадор во кабинетот на премиерот следува ден по Самитот на ЕУ-Западен Балкан во Словенија, а учеството на нашата владина делегација било една од темите на кои Заев разговарал со Јан Коп. Премиерот, велат од Владата, се заблагодарил и на искажаната поддршка од лидерите на ЕУ за европските интеграции.
„Амбасадорот на Кралството Холандија Коп упати честитки за успешно спроведениот попис во нашата земја, потенцирајќи дека тоа е важен процес за успешно спроведување на политиките за подобрување на животот на граѓаните. Во таа насока беше оценето дека исполнувањето на реформите, владеењето на правото обезбедува функционални институции и креирање на успешна бизнис клима, при што соговорниците се согласија дека се креираат поволни услови за натамошен развој, посебно на капацитетите на правната држава“, велат од Владата.
Знаев и Јан Коп разговарале и за претстојните локални избори, но и за економските односи помеѓу Северна Македонија и Холандија.
Заев на средба со холандскиот амбасадор изразил уверување дека ќе се надмине спорот со Бугарија
Разговорите со Република Бугарија продолжуваат, рекол премиерот Зоран Заев на средба во Владата со амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп. Тој, како што информираа од владината прес-служба, изразил и уверување дека спорот ќе се надмине во наредниот период.
Приемот на холандскиот амбасадор во кабинетот на премиерот следува ден по Самитот на ЕУ-Западен Балкан во Словенија, а учеството на нашата владина делегација било една од темите на кои Заев разговарал со Јан Коп. Премиерот, велат од Владата, се заблагодарил и на искажаната поддршка од лидерите на ЕУ за европските интеграции.
„Амбасадорот на Кралството Холандија Коп упати честитки за успешно спроведениот попис во нашата земја, потенцирајќи дека тоа е важен процес за успешно спроведување на политиките за подобрување на животот на граѓаните. Во таа насока беше оценето дека исполнувањето на реформите, владеењето на правото обезбедува функционални институции и креирање на успешна бизнис клима, при што соговорниците се согласија дека се креираат поволни услови за натамошен развој, посебно на капацитетите на правната држава“, велат од Владата.
Заев и Јан Коп разговарале и за претстојните локални избори, но и за економските односи помеѓу Северна Македонија и Холандија.
Премиерот на Холандија, Марк Руте, пак, вчера беше дел од Самитот што се одржа во Словенија и рече дека се надева оти по изборите во Бугарија ќе се надмине спорот помеѓу Скопје и Софија, а потенцираше и дека не е среќен од фактот што е блокиран почетокот на пристапните преговори за земјава.