Претседатеката на ЕК од 28 до 30 септември доаѓа во регионот и ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен идната недела доаѓа во Скопје, потврди портпаролот Ерик Мамер за МИА.
Според него, таа тука ќе разговара и за спорот со Бугарија, но како што јави МИА од Брисел, портпаролот не беше во можност да даде повеќе детали, и рече дека прашањата ќе бидат одговорени на прес конференциите кои ќе се одржат во регионот.
Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан.
„Претседателката оди на Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде можност да се разговара за овие односи вклучително и тоа билатерално прашање“,
рече Ерик Мамер зборувајќи за македонско-бугарскиот спор.
Шефицата на Европската комисија ќе го посети регионот една недела пред самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.
Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“ туку можност да се разговара за односите на ЕУ и регионот.
Минатата недела европкомесарот за проширување Оливер Вархеји беше во Софија на разговори со бугарските власти токму за бугарско-македонскиот спор.