Се работи за објект на подрачното одделение на ДИК во Карпош каде Комисијата за спречување и заштита од дискриминација била на увид по допрен глас од лице со физичка попреченост кое се пожалило дека не може да се потпише за поддршка на извесна независна кандидатска листа за локалните избори, бидејќи нема пристап
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди „директна продолжена дискриминација од страна на ДИК кон лицата со физичка попреченост.
Се работи за објект на подрачното одделение на ДИК во Карпош каде Комисијата била на увид по допрен глас од лице со физичка попреченост кое се пожалило дека не може да се потпише за поддршка на извесна независна кандидатска листа за локалните избори, бидејќи нема пристап.
Комисијата на самото место утврдила дека објектот што се наоѓа на ул. „Стрезово“ бр. 7 е неприлагоден и непристапен за лицата со физичка попреченост, со што тие не можат да го остваруваат своето загарантирано право на учество во политичкиот и јавниот живот.
„Од увидот е констатирано дека до просториите на спомената подрачна канцеларија се стигнува по прибижно 50-тина тесни и стрмни скалила кои се неприспособени за лица со физичка попреченост, за стари, изнемоштени и болни лица“,
се вели во мислењето.
За волја на вистината, има и втор пристап кој води до објектот, но и тој според описот од Комисијата е тесен, прилично стрмен асфалтиран пат по кој може да се користи и возило, а завршува пред објектот на една градинка. Оттука по тесен приоден пат, кој се користи како паркинг на возила, се стигнува до влезот на објектот на кој од десната страна стои табла дека се работи за објект во сопственост на Општина Карпош. Тука е сместено подрачното оддление на ДИК.
„До влезот во објектот водат четири бетонски скалила. Од десната страна скалите се обезбедени со метален ракофат, а левата страна воопшто не е обезбедена. Ваквата инфраструктура на објектот оневозможува приспатост и достапност на лицата со физичка попреченост“,
се вели во мислењето.
Поради ваквата состојба, Комисијата на ДИК му препорачува да преземе мерки со кои ќе им овозможи на лицата со физичка попреченост да можат да имаат еднаков пристап и учество во јавниот живот со тоа што ќе можат по сопствен избор да поддржат некоја од независните листи на кандидати за локалните избори. И тоа да го направи во најкус можен рок, посочувајќи дека тоа е предвидено во Конвенцијата за заштита на лицата со попреченост.