Министерот Филипче информира денеска дека, од вкупно 3 497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена 3 047 се невакцинирани. Според него, бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани е посебно голем во градови каде што опфатот со вакцинација е околу 20 проценти
И градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, е заразена со ковид-19, како што објави на Фејсбук , посочувајќи дека, благодарение на тоа што се вакцинирала, засега има благи симптоми на болеста.
По Скопје, Тетово е град со најмногу нови случаи на ковид-19, откако повторно да се зголемува бројката на заразени, поточно, заклучно со вчерашниот ден таму имаше 976 активни случаи. Арифи, пак објави дека вчера, по мали здравствени проблеми, се тестирала и е позитивна на коронавирусот.
„Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија. Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот уште е меѓу нас и може да влијае на секого! Благодарение на вакцинацијата засега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себеси, семејството и другите околу вас“,
напиша Арифи на фејсбук.

Министерот за здравство Венко Филипче информира денеска дека, од вкупно 3 497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3 047 се невакцинирани, односно само десет проценти се вакцинирани и се позитивни на ковид-19, а тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба,
Според него, бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани е посебно голем во градови каде што опфатот со вакцинација е дваесетина проценти. Тоа се Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево… Во Охрид, каде денеска тој имаше средба со директорите на Општата болница и ЦЈЗ, опфатот со вакцината е 50 проценти и има помалку од десет хоспитализирани пациенти.
Одговарајќи на новинарско прашање дали голем дел од новодијагностицираните се од забави во Охрид, министерот Филипче рече дека, според анализа направена пред една недела, 40-тина проценти од новодијагностицираните изјавиле дека биле на некаква прослава.
Во однос на вакцинацијата, Филипче потенцираше дека таа добро се одвива во сите градови.
„Верувам дека опфатот ќе расте. Одличен е одѕивот понајавата за новите мерки кои стартуваат од 16 август. Околу 8 000 граѓани во просек на ден се јавуваат да примат прва доза на вакцина. Верувам дека ќе продолжиме со таа динамика и за прилично кратко разумно време ќе се зголеми опфатот со вакцинација“, рече Филипче.
Рече дека има сосем доволен број вакцини и најави донација од Бугарија на вакцината „Фајзер“.
„Она што е очигледно за сите држави е дека се инсистира на вакциција“,
рече Филипче, наведувајќи го примерот на Канада каде што ќе биде задолжителна вакцинацијата на сите во јавниот сектор.