Оваа информација МВР ја даде во контекст со вчерашниот случај во скопско Глумово, за каде пристигнале пријави дека има пукање од огнено оружје околу 15.23 часот. Полициски службеници на самото место пронашле чаури од огнено оружје, пред домот на И.С.(51) од ова село, каде што имало семејна веселба
За пукање на прослави според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, предвидена е паричната глоба од 200 до 500 евра (член 31), а зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), потсетуваат денеска од МВР.
Оваа информација МВР ја поврзува со вчерашниот случај во скопско Глумово, за каде пристигнале пријави дека има пукање од огнено оружје околу 15.23 часот. Полициски службеници на самото место пронашле чаури од огнено оружје, пред домот на И.С.(51) од ова село, каде што имало семејна веселба.
Од И.С. се земени парафински ракавици и пиштол „Глок“, а чаурите се подигнати за вештачење. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
МВР уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици.