Тој додаде дека антителата или стекнатиот имунитет само со прележување на вирусот не е доволно за заштита и спречување на ширењето на вирусот, затоа апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинација
Во последните седум дена значително е зглеме бројот на активни ковид-случаи, а со тоа зголемен е и бројот на пациенти кои се лекуваат во болнички услови. Според министерот за здравство, Венко Филипче, од околу 150 хоспитализирани ковид-пациенти, под 10% се оние кои се цеосно вакцинирани против вирусот.
„Целосно имунизираните пациентите против коивд кои сепак се заразиле се во добра здравствена состојба. Од тука доаѓаме до делот на вакцините. Делта сојот е доминантен, за тој сој е научно потврдено дека за 60-70% побрзо се шири за разлика од Алфа сојот, и детектирана е поголема количина на вирусот. Дали таа поголема количина ќе придонесе за потешка слика на ковид, сè уште не е истражено“,
рече Филипче на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека антителата или стекнатиот имунитет само со прележување на вирусот не се доволни за заштита и спречување на ширењето на вирусот, затоа апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинација.
„Вакцини има доволно. Апелирам до граѓаните да се вакцинираат и да се имунизираат целосно со две дози од вакцините, бидејќи така ќе се намали шишрењето на вирусот“,
рече Филипче.