Пожарот што околу 23 часот го зафати скопскиот ресторан „Рагуза“ е изгаснат, но засега нема информации каква штета е направена, ниту дали има повредени лица.
Пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита интервенирале со неколку возила и спречиле огнот да се прошири надолу каде што е катната гаража во која имало паркирани возила
Неофицијално, кога пожарот избувнал во ресторанот се одржувала приватна забава, но гостите биле евакуирани.