Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) ќе може без надомест да употреби 50 илјади литри течно вештачко гориво керозин од ресурсите на министерствата за одбрана и за внатрешни работи доколку има потреба од тоа.
Ова го одлучи Владата на денешната седница врз основа на анализи и процена на природата и интензитетот на кризната состојба, како и потребата од рационално користење на националните ресурси и сили во нивната континуирана ангажираност во справувањето со последиците и потребата од дополнителни летови во наредниот период, имајќи предвид дека министерствата за одбрана и за внатрешни работи располагаат со доволна количества на керозин.
„На седницата, на покана на премиерот, присуствуваше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој информираше за сите актуелни и локализирани пожари одделно, на целата територија на Република Северна Македонија, при што беше истакнато дека ситуацијата на поголемиот дел се стабилизира и беше искажана огромна благодарност за несебичната помош од локалното население, припадниците на државните органи и помошта од повеќе пријателски земји“,
се вели соопштението на владината прес-служба.