Пред два дена од Владата објавија дека премиерот користи денови од годишниот одмор до 12 август, но дека е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции поради состојбата со пожарите
Но за цело време, во јавноста имаше критики дека во време кога земјата се соочува со голем број пожари, со кои тешко се справува поради што пристигнува помош од странство, премиерот и министрите се на одмор
Премиерот Зоран Заев кој од 4 август замина на годишен одмор, од денеска е во земјава. Од Владата за „360 степени“ велат дека да се прекине одморот и за неколку часа да се пристигне на соодветна локација каде тоа го налага потребата, за премиерот е нормално и очекувано.
„Премиерот е во постојана координација и комуникација со сите надлежни институции во секој момент од кризата со пожарите. Утрово премиерот пристигна во беровско каде заедно со министрите Шекеринска, Филипче, Шахпаска и Бочварски имаше координација со директорот на ЦУК и со градоначалниците на Берово и Пехчево“,
ни одговорија од Владата.
Пред два дена од Владата објавија дека премиерот користи денови од годишниот одмор до 12 август, но дека е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции поради состојбата со пожарите.
Но за цело време, во јавноста имаше критики дека во време кога земјата се соочува со голем број пожари, со кои тешко се справува поради што пристигнува помош од странство, премиерот и министрите се на одмор.
Заев денеска претпладне, заедно со министрите за одбрана, здравство и труд и социјална политика, Радмила Шекеринска, Венко Филипче и Јагода Шахпаска дојде во селото Будинарци каде пожарникарите со натчовечки напори се борат со огнената стихија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција не сакаше да коментира иако неговата партија секојдневно критикуваше што дел од Владата заминала на одмор додека во земјата беснеат пожари кои се гасат со помош од странство.