Црвениот крст утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево, како и хуманитарна помош во повеќе региони.
„Хуманитарна помош е испратена во Берово и Пехчево и тоа 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиенски производи, 2 592 шишиња вода од 0,5 литри, 400 ќебиња и 50 душеци. Во Куманово се испратени 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2 592 шишиња вода од 0,5 литри и 50 душеци“,
се наведува во фејсбук-статусот на организацијата.
Се дополнува дека за утре е планирана дистрибуција на хуманитарна помош за Делчево. Тимовите се состојат од осум волонтери од Црвениот крст на Град Скопје и по четири волонтери од општинските организација на Црвениот крст од Штип, Делчево, Кочани и Берово.