МВР информира дека полициски службеници од СВР Тетово денеска наутро во 3.05 часот привеле тројца Тетовци, сопственици на угостителски објект, кои организирале веселба со околу 200 гости. Приведени биле и други две лица кои агресивно се однесувале кон полициските службеници.

„Во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на угостителски објект, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик“,
се вели во соопштението на МВР.
Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости.
