Честитки – напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот фејсбук профил откако Собранието вчера го усвои законот со кој се овозможува продажба на становите кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА.
„После долги години, корисниците на овие станови ќе можат да ги откупат становите во кои живеат одамна, а во буџетот ќе се влеат дополнителни средства од продажбата. Ставивме крај на повеќедецениска неизвесност и правна несигурност. Покажавме грижа кон наши сегашни и поранешни вработени и воени пензионери. Дадовме пример за одговорност кон државниот буџет и државниот имот“,
напиша Шекеринска истовремено заблагодарувајќи им се на пратениците.