Министерот за здравство повика на вакцинација и предупреди дека се повеќе земји воведуваат рестрикции за оние кои не се вакцинирани.

„Во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани. За влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување на вакцинален сертификат. Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо. Вакцините се безбедни и ефикасни, само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид пандемија“,
напиша Филипче на неговиот официјален фејсбук профил.