Истрагата се уште е во тек, а две лица беа уапсени неколку часа по атентатот
Холандскиот истражувачки новинар Питер Р. де Врис кој на 6 јули беше застрелан на улица во Амстердам починал во болница како последица на тешките повреди, објави холандската телевизија РТЛ.
„Петер се бореше до крај, но не можеше да ја добие битката. Почина во присуство на луѓето кои го сакаа“,
се вели во соопштение на семејството објавено од ТВ РТЛ.
Познатиот новинар кој имаше 64 години, беше застрелан во глава на улица во Амстердам при излегување од телевизиско студио. Истрагата за нападот се уште е во тек, а две лица беа уапсени неколку часа по атентатот.
Питер Р. де Врис беше познат по своите истраги за тешки крвични дела и злосторства, а во периодот 1995−2012 беше и водител на популарна холандска телевизиска емисија која опфаќаше случаи со криминал од висок профил. Тој стана познат и во САД по истражувачката работа на исчезнувањето на тинејџерката Натали Халовеј во 2006 година.
Беше редовен гостин во телевизиски емисии, а во 1987 година предизвика внимание со својот бестселер за киднапирањето на познатиот производител на пиво Фреди Хајнекен.
Поради своите истражувачки стории често бил мета на закани.