Ноќниот живот ќе биде целосно укинат во најмалку 16 града во северниот регион Кантабрија
Некои региони на Шпанија повторно воведоа ограничувања на ноќните излегувања, само неколку недели откако ги укинаа, со цел да се запре зголемувањето на новите инфекции со коронавирус кај невакцинираните млади луѓе.
Ноќниот живот ќе биде целосно укинат во најмалку 16 града во северниот регион Кантабрија, каде што има најголем број заразени.
Плашејќи се дека нов скок на заразени може да го преплави здравствениот систем, официјални лица во повеќе делови на земјата исто така брзаат да го вакцинираат населението на возраст под 30 години.
Досега, шпанската програма за вакцинација се фокусираше на постарите, поранливите групи.
Во петокот, 14-дневната стапка на инфекција кај луѓето на возраст од 20 до 29 години беше скоро три пати поголема од националниот просек.
Вирусот се прошири и меѓу тинејџерите поради патувања и прослави на крајот на учебната година.
Илјадници луѓе беа ставени во изолација низ целата земја кога беа пријавени повеќе од 1 000 заразени по училишно патување во Мајорка и најмалку 700 позитивни во областа Навара меѓу учениците кои беа во одморалиштето минатиот месец.