Поради ширење на делта-сојот на коронавирусот, во центарот на Сиднеј и во четири предградија од полноќ почнува еднонеделен строг карантин.
„На луѓето кои живеат или кои поради работа престојувале во четири дела од Сиднеј во последните две недели, им е наложено да останат дома и да излегуваат само за неодложни потреби. Не сакаме оваа состојба да трае со недели, сакаме да заврши колку што е можно побрзо“,
изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.
Таа рече дека новиот карантин, кој треба да стапи во сила, ќе има значително влијание врз бизнисот, особено во централниот деловен кварт на градот со повеќе од 5 милиони жители.
Властите во Нов Јужен Велс воведоа претходно задолжително носење маски во затворено, им забранија на жителите на седум населби да го напуштаат градот и ги ограничија домашни собири на пет лица, со цел да се спречи нов бран на пандемијата.