Израелската страна тврди дека нападите се одговор на запаливи балони, попознати како „балон-бомби“, пуштени од палестинска територија, пренесува Би-би-си и додава дека причина е маршот на еврејски ултрадесничари, кој го дозволи новата израелска влада предводена од премиерот Нафтали Бенет
Ова е прв голем судир откако беше потпишан прекин на огнот на 21 мај, по повеќедневен меѓународен притисок да се стави крај на 11-дневното крвопролевање. Во нападите загинаа повеќе од 250 лица, од кои 68 деца, повеќето од нив во Газа.
Неколку часа пред инцидентите, како што пренесува Би-би-си, биле пуштени неколку „балон-бомби“ од Газа, што предизвикло околу 20 пожари во израелските населби во близина на границата, соопшти Израелската противпожарна служба.
Gaza tonight pic.twitter.com/2iwp09R1js
— Muhammad Smiry (@MuhammadSmiry) June 15, 2021
Најновите експлозии се слушнаа денеска, во раните часови, пренесува Би-би-си.
Радиостаницата на палестинското движење Хамас, исто така, извести дека израелски борбен авион нападнал палестински камп за обука во Газа, објави Ројтерс.
Израелските одбранбени сили ИДФ соопштија дека нивните борбени авиони погодиле воени единици предводени од Хамас во градот Кан Јунис во Појасот Газа.
Портпарол на Хамас објави на Твитер дека Палестинците ќе продолжат со својот „храбар отпор“ и ќе ги бранат своите права „сè додека окупаторот не биде протеран од целата наша земја“.
Arson balloons were launched from Gaza into Israel yesterday, causing multiple fires. In response, IDF fighter jets struck Hamas military compounds last night, which were used as meeting sites for Hamas terror operatives.
— Israel Defense Forces (@IDF) June 16, 2021
Hamas will bear the consequences for its actions. pic.twitter.com/lYhqfx26fm
Засега не е познато дали имало жртви или повредени во нападите.
Првичниот повод за нов конфликт е вчерашниот марш на еврејските утранационалисти во Источен Ерусалим, по повод освојувањето на тој дел од градот во Шестдневната војна во 1967 година, што милитантната група Хамас го смета за потенцијал закана.
Поради тоа, повторно се појавија тензии, а израелската полиција пукаше со гумени куршуми кон Палестинците што протестираа против маршот на еврејските ултрадесничари во арапските квартови во Ерусалим, пренесува „Гардијан“.
Во еден момент, неколку десетици еврејски момчиња скандирале: „Смрт за Арапите“. Палестинските здравствени работници соопштија дека израелската полиција ранила повеќе од 30 Палестинци што протестирале.