Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува министерката за одбрана, се емитува вечерва (11 јуни 2021 г.) од 21:58 часот на ТВ Алсат
Премиерот Заев и министрите Османи и Шекеринска в понеделник ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Брисел, прв за Северна Македонија како земја членка на Алијансата. Дали освен симболичното значење, Самитот носи и други теми важни за земјава? Дали е шанса за разговори и лобирање на тема – почеток на преговори со ЕУ? Дали земјава се уште е на „линијата на огнот“? Во која фаза е воената интеграција во НАТО? Се знае ли кој во државава може да ги покрене авионите на грчкото воено воздухопловство за евентуално да интервенираат на македонското небо? Ова се дел од темите за кои вечерва разговараме со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Ќе ја прашаме и до кој вредносен суд е поблиску нејзиниот став по проширувањето на извршната наредба на Бајден за Западен Балкан – дека САД се решени да стават ред во регионот или дека во нашата јавност се крева многу прашина за нешто што е присутно две децении и досега не дало особени резултати (во ситуација кога двајца коалициски партнери на СДСМ се на американската „црна листа“). Шекеринска одговара и на прашањето – дали се гласини наводите дека размислува да замине и од министерското место откако се откажа од кандидатура за заменик-претседателка во партијата.
Емисијата почнува во 21:58 часот на ТВ Алсат.