Земјотрес со јачина од 3, 5 степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во областа Петриња. Според Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 1:23 часот по полноќ, на 14 километри од градот Сисак.
M3.4 #earthquake (#potres) strikes 14 km S of #Sisak (#Croatia) 14 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/ohskOmrPVL
— EMSC (@LastQuake) June 10, 2021
Интензитетот на земјотресот се смета за умерен, но жителите од околните места, како што пренесува „Јутарњи лист“, сведочат дека потресот бил многу силен.
„Се тресеше како експлозија“… „Страшен звук, а потоа и тресок, ја потресе целата куќа.“… „Куќата се тресеше и прозорците се тресеа. Страшно будење од сон“„,
се дел од коментарите на жителите на Петриња.
Според Хрватската сеизмолошка служба, земјотресот се случил 8 километри јужно од Петриња, местото кое во декември минатата година речиси целосно беше разурнато од серијата силни земјотреси.