Извештајот подготвен од медицинскиот одбор и предаден на обвинителството на почетокот на овој месец, покажал дека Марадона бил во агонија повеќе од 12 часа, не добил соодветна медицинска помош и дека можел да преживее доколку бил соодветно лекуван
Седум лица кои го лекувале Диего Марадона во деновите пред неговата смрт се обвинети за убиство од небрежност.
Аргентинската фудбалска легенда почина од срцев удар на 60-годишна возраст во ноември минатата година – две недели откако имаше операција на мозок.
Извештајот подготвен од медицинскиот одбор и предаден на обвинителството на почетокот на овој месец, покажал дека поранешниот играч на Барселона и Наполи бил во агонија повеќе од 12 часа, не добил соодветна медицинска помош и дека можел да преживее доколку бил соодветно лекуван.
„На брзата помош и требаше повеќе од половина час за да дојде, што е идиотизам“,
објави на Твитер адвокатот на Марадона, Матијас Мориа.
Неврохирургот Леополдо Луке и психијатарот Агустина Косачов се меѓу обвинетите – заедно со психијатарот, лекар, две медицински сестри и шеф на медицинските сестри.
По смртта на Марадона, д-р Луке јавно проговори за тоа како се обидел да му помогне на фудбалерот чија здравствена состојба постојано се влошувала.