Аргентинскиот јавен обвинител свика совет од 20 експерти за да ги испита причините за смртта и да утврди дали има лекарска небрежност, откако излезе извештајот од обдукцијата
Аргентинската фудбалска икона Диего Марадона добил несоодветна здравствена грижа, беше оставен на сам на себе и на сопствените сили и починал по долга агонија, заклучи стручниот совет лекари.
Во документ на 70 страници, советот навел дека Марадона, кој доживеал срцев удар на 25 ноември минатата година на 60-годишна возраст, „почнал да умира најмалку 12 часа пред да биде пронајден мртов во својот кревет.
Марадона почина само неколку недели откако беше подложен на операција на мозокот поради тромб.
Аргентинскиот јавен обвинител свика совет од 20 експерти за да ги испита причините за смртта и да утврди дали има лекарска небрежност, откако излезе извештајот од обдукцијата.
Под истрага се наоѓа неврохирургот на Марадона, Леополдо Лук, психијатарот Агустина Косачов и психологот Карлос Дијаз, како и две медицински сестри, координатор за нега и медицински координатор.
Доколку бидат прогласени за виновни може да добијат казна затвор од 15 години.
Марадона беше опериран на 3 ноември, само четири дена откако го прослави својот 60-ти роденден во клубот каде што тренираше, „Гимнасија“.
Во тоа време веќе имал нарушено здравје и проблеми со говорот.
Марадона се бореше со зависност од кокаин и алкохол во текот на целиот живот.
Пред да почин, имаал и проблеми со црниот дроб, бубрезите и кардиоваскуларниот систем.
Советот заклучи дека Марадона „ќе имал поголема шанса да преживее“ со соодветен третман во соодветна медицинска установа.
Тој почина во својот кревет во изнајмена куќа во ексклузивниот кварт на Буенос Аирес, каде што беше домашна нега.
Марадона „не можел целосно да ги искористи своите ментални способности“ и не требало да биде оставен да одлучува каде ќе се лекува, велат експертите.
Откриле и дека има многу „пропусти и неправилности“ во неговиот третман, а медицинскиот тим го препуштил неговиот живот на „судбината“.
Марадона е идол на милиони Аргентинци, но и на многу луѓе во целиот свет.