Американскиот претседател се заложил и за безбедност на новинарските екипи во критичниот регион на појасот Газа, а разговарал и со палестинскиот претседател
Американскиот претседател Џо Бајден и израелски премиер Бенјамин Нетанјаху повторно разговараа денеска, додека ескалираат насилствата меѓу Израел и милитантите во појасот Газа.
Бајден изразил изразил голема загриженост за цивилните жртви и за безбедноста на новинарите во критичниот регион.
Бајден, како што соопшти Белата куќа, ја потврдил поддршката за правото на Израел да се брани од ракетни напади од Хамас и други терористички групи во Газа.
Лидерите се согласиле да продолжат со консултациите меѓу нивните тимови и тие да останат во контакт во следните денови.
Бајден разговарал и со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Претседателот на САД, како што соопшти Белата куќа, изразил поддршка за чекори што ќе му овозможат на палестинскиот народ да ужива во достоинството, безбедноста, слободата и економските можности што ги заслужува.
Близу 2 000 ракети се истрелани од Газа кон Израел оваа недела, а Израел возврати со удари од авиони и копнени трупи на границата.