Европската комисија претходно денеска објави дека покренала правна постапка против Астра Зенека поради непочитување на договорот за испорака на вакцини против коронавирусот и непостоење на доверлив план за обезбедување навремена достава
Компанијата „Астра Зенека“ денеска соопшти дека постапката на Европската унија против нив во врска со испораката на вакцини, нема правна основа и најави дека ќе се брани на суд.
„’Астра Зенека’ целосно го испочитува прелиминарниот договор склучен со Европската комисија и ние силно ќе се браниме пред судот. Веруваме дека каква било судска постапка е неоснована и ја поздравуваме можноста да се реши овој спор колку е можно побрзо“,
се наведува во соопштението.
Европската комисија претходно денеска објави дека покренала правна постапка против Астра Зенека поради непочитување на договорот за испорака на вакцини против коронавирусот и непостоење на доверлив план за обезбедување навремена достава.