Вакцината е во третата фаза од клиничките испитувања, а првата доза ја прими министерот за здравство
Според министерот за здравство, секој 20. жител во Казахстан е вакциниран од почетокот на кампањата, која започна во февруари
Казахстан започна вакцинација против коронавирус со сопствена вакцина „казвак“ (QazVac), која е во третата фаза на клинички испитувања.
Според државната телевизија, 50 000 вакцини во две дози, развиени од Државниот институт за истражување на биосигурност, се дистрибуирани низ цела држава.
Министерот за здравство Алексеј Цои ја прими првата доза на вакцината во директен телевизиски пренос и најави дека владата е во преговори со Турција за производство.
Казахстан е првата земја што започна со производство на руска вакцина „спутник В“, која е доминантна во кампањата за имунизација во оваа земја.
Според министерот за здравство, секој 20. жител во Казахстан е вакциниран од почетокот на кампањата, која започна во февруари.
Според денешните официјални податоци, досега повеќе од 309 000 луѓе биле заразени со коронавирус, а 3 570 починале во Казахстан, каде што живеат 19 милиони жители.