Најмалку 23 лица загинаа, а триесетина други се повредени во голем пожар што ноќеска го зафатил ковид-центарот во Багдад, пренесува ДПА.
Околу 90 други пациенти се спасени од пожарот во болницата „Ибн ал-Катиб“, во југо-источниот дел на Багдад, изјави началникот на службата за цивилна одбрана генерал-мајор Кадем Бухан.
„Успеавме да спасиме 90 пациенти и персонал од 120 лица“,
изјави генаралот за ирачката државна агенција ИНА.
Полицијата сè уште нема одговор за тоа што е причината за пожарот и како настанал. Засега се претпоставува дека настанат е спој во напојувањето со струјата. Првично, медиумите соопштија дека експлодирале шишиња со кислород, а големиот пожар што следел го зафатил Одделот за болни со коронавирус во болницата.