Сите вработени во руската амбасада во Прага имаат рок од 48 часа да ја напуштат земјата
Тврдењата на Прага се апсурдни и одговорот на Русија треба да биде пропорционален, е првичната реакција од Москва
Чешка денеска протера 18 руски дипломати под сомнение дека офицери на руската служба ГРУ учествувале во експлозијата на магацин за муниција во Врбетице во Чешка есента 2014 година, кога беа убиени две лица.
Сите вработени во руската амбасада во Прага, кои според чешки информации се руски разузнавачи од службите ГРУ и СВР, се протерани и тие имаат рок од 48 часа да ја напуштат земјата.
Премиерот Андреј Бабиш на вонредна прес-конференција рече дека одлуката за протерување на дипломатите е донесена врз основа на „недвосмислени докази“ обезбедени од припадници на чешките разузнавачки и безбедносни служби дека постои „основано сомневање за улогата на руското воено разузнавање во експлозиите.
Њујорк Тајмс во 2019 година напиша дека 29155 се елитна единица во рускиот разузнавачки систем, специјализирана за саботажи и атентати.
Првата експлозија во магацинот за оружје во Врбјетице на југот на Чешка се случи на 16 октомври 2014 година, каде две лица загинаа. Потоа следеше експлозија во друг магацин на 3 декември истата година.
Вицепремиерот Јан Хамачек рече дека ситуацијата значително ќе ги наруши чешко-руските односи, велејќи дека „Чешка е во слична позиција како што беше Велика Британија во случајот со труењето во Солсбери“.
Тој денеска требаше да отпатува во Москва, каде во понеделник требаше за да преговара за набавка на вакцини „спутник В“, но премиерот Бабиш не му дозволи во последен момент.
Претставник на руската амбасада во Прага за Интерфакс потврди дека бил информиран за протерувањето и дека рускиот амбасадор Александар Змејевски бил повикан во чешкото Министерство за надворешни работи.
„Тврдењата на Прага се апсурдни и одговорот на Русија треба да биде пропорционален“,
го цитираше агенцијата Интерфакс Владимир Јабаров, заменик-шеф на комитетот за меѓународни работи на рускиот парламент.
Амбасадата на САД во Прага напиша на Твитер дека „Соединетите држави стојат зад својот непоколеблив сојузник, Чешка. Ја цениме нивната значајна акција за одговорност на Русија за опасни активности на чешка територија“.