Поради ниската ефикасност на кинеските вакцини, треба да размислуваме за аплицирање на различни вакцини, рече Гао Фу од Центарот за контрола на лекови од Кина, но подоцна рече дека неговата изјава е порешно разбрана
Раководителот на кинескиот Центар за контрола на лекови и превенција од болести (ЦДЦ), Гао Фу, рече дека поради ниската ефикасност на расположливите кинески вакцини против ковид, размислуваат за комбинирање на различни вакцини. Неговата изјава ја пренесоа голем број странски медиуми и цитирајќи го, објавија дека кинескиот научник признал оти нивните вакцини имаат ниска ефикасност против коронавирусот.
Подоцна, Гао Фу, во интервју за „Глобал тајмс“, вели дека неговата изјава била погрешно разбрана и дека станува збор за недоразбирање.
Тој сега вели дека рекол оти научниците ширум светот дискутираат за ефикасноста на вакцините против ковид-19 и дека во контекст на тоа тој изнел став дека можеби е добро да се размислува за комбинирање на различни вакцини со цел подигнување на ефикасноста.
„Степенот на заштита од сите вакцини во светот некогаш е висок, а некогаш низок. Како да се подобри нивната ефикасност е прашање кое би требало да се разгледува од страна на научниците во целиот свет“,
се дообјаснува Фу.
Тој вели дека предложил да се прилагодува процесот на вакцинација, како на пример, бројот на дози кои се аплицираат, интервалот помеѓу дозите, како и можноста за вакцинација со различни типови на вакцини, додаваа Фу.
Според него, ова е првпат човештвото да наиде на ваков непредвидлив вирус и вообичаено е што се појавуваат научни предизвици кои треба добро да се проучот кога станува збор за вакцините. Тој вели дека научниците имале и предизвик пред себе да пронајдат вакцина за толку кратко време, што ако се базирале на традиционалното создавање на вакцина, немаше да бидат достапни за само една година.
„Ова е, исто така, првпат луѓето да се вакцинираат со нов тип на вакцина. Но, сите процедури за вакцинација што ги усвоивме досега се засноваат на претходни искуства со вакцини против вируси и тоа дава прилично добри резултати. Но, во иднина, ако треба да правиме подобрувања за ефикасноста на вакцините, потребно е да се направат и одредени прилагодувања врз основа на карактеристиките на новиот коронавирус“,
рече Гао.
Кинеските вакцини прозиведени од приватната компанија „Синовак“ и државната компанија „Синофарм“ го сочинуваат мнозинството кинески вакцини што се дистрибуирани во десетици земји низ светот, вклучувајќи ги Мексико, Турција, Индонезија, Унгарија, Бразил, Турција, Србија и други.
Според испитувања во Бразил, вакцината „Синовак“ покажала ефикасност околу 50,4% што е блузи прагот од 50%, додека, пак, такво испитување за истата вакцина во Турција покажало ефикасност од 83,4%.
