Амбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Баздникин, не го знае датум кога ќе пристигнат останатите вакцини „спутник В“ што ги нарача Владата, но е убеден дека договорот за испорака ќе биде испочитуван.
Земјава нарача 200 000 дози од „спутник В“ за вакцинација на 100 000 лица, а до денес се испорачани само 6 000.
„До денес се испорачани 6 000 дози, 3 000 од секоја компонента. Во моментов се работи на испораката на останатите количини на препаратот. Сакам да ви кажам дека руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот и да обезбеди испорака на вакцините во вашата земја“,
изјави Баздникин од Штип.
Рускиот амбасадор потенцира дека „спутник В“ е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е повеќе од 90 отсто, а ефикасноста за спречување на компликации од коронавирусот е 100 проценти.
