Десет лица загинаа во пукање во супермаркет во сојузната државата Колорадо. Меѓу жртвите е и еден полицаец, јавуваат американските медиуми.
Од полицијата јавија дека напаѓачот бил совладан и уапсен, но засега не се знаат причините за нападот.
Пукотницата се случила во полн супермаркет лоциран недалеку од Универзитетот Колумбија, каде што вообичаено студентите се снабдуваат со потребните продукти.
Убиениот полицаец е 51-годишниот Ерик Tали, кој работел во службата од 2010 година и бил меѓу првите службеници што одговориле на повикот.
Од лица присутни во објектот што го преживеале нападот „Њујорк тајмс“ дознава дека едно безживотно тело се наоѓало на улицата пред продавницата.
Истражителите работат на местото на настанот и ги утврдуваат мотивите на напаѓачот.