Според вработен во болницата во Солт, на ковид- одделот работат еден лекар и две медицински сестри, а има меѓу 50 и 60 пациенти
Министерот за здравство на Јордан поднесе оставка денеска откако починаа осум пациенти на ковид -одделот во болницата во градот Солт, поради недостиг на кислород, објавија државните медиуми.
Премиерот Бишер ал-Касавне нареди истрага и побара министерот за здравство Натир Обедијат да си поднесе оставка.
Според очевидец на трагичниот нбастан, се се случило поради тоа што се потропиле залхите на кислород, а медицинскиот персонал не го забелеѓал тоа веднаш. Веднаш биле повикани и други медицински лица д аносат боци со кислороод за да спречат и останатите пациенти за умрат.
Потоа почнале да ги реанимираат, но за некои било предоцна. Според вработен во болницата, на ковид- одделот работат еден лекар и две медицински сестри, а има меѓу 50 и 60 пациенти.
Несреќниот настан се случува во време кога Јордан, земја со десет милиони жители, се соочува со нагло зголемување на бројот на заразени и смртни случаи како последица од коронавирусот и се бори да добие што е можно повеќе вакцини.
Повеќе од 465 000 случаи на инфекција се регистрирани во Јордан досега, а над од 5 200 починаа. Од минатиот месец на сила се рестрикции, додека за време на викендот на сила е карантин и полициски час.
Вакцинацијата започна во средината на јануари и се планира да се имунизираат повеќе од четири милиони жители во текот на годината. Во петокот во земјата стигнаа 144 000 дози вакцини „Астра Зенека“ преку глобалната иницијатива Ковакс. ЕУ издвои осум милиони евра за да му помогне на Јордан во набавката на вакцините.
Втората испорака од Ковакс се очекува во април.
