Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева е позитивна на ковид-19.
Информацијата за здравствената состојба таа ја сподели на својот фејсбук-профил, при што потенцираше дека се чувствува добро, но своите обврски ќе ги извршува од дома, а на веќе планираните средби ќе учествува од далечина.
„Се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно во живо. Бидете здрави и останете безбедни!“,
пишува Захариева во својот статус на Фејсбук.
Од бугарското МНР соопштија дека за време на изолацијата нејзините обврски ќе ги преземе заменик-министерот Петко Дојков.