Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, е уверен дека двајца пратеници од редовите на опозициските партии на Албанците ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство.
Касами во своето гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат не сакаше да ги открие деталите, посочувајќи дека јавноста за многу скоро ќе биде информирана.
„Говорам за повеќе пратеници, иако ние сме во директна комуникација со двајца“,
изјави Касами.