Полицијата соопшти дека инцидентот веројатно е намерен
Експлозија одекна утрово во Бовенкарспел, град северно од Амстердам во Холандија, во центар за тестирање на ковид-19.
Во инцидентот нема повредени, а холандските медиуми јавуваат дека експлозивот бил ставен во метална цевка надвор од објектот.
Во експлозијата се искршени пет прозорци во центарот. На самото место во тоа време имало чувар, но тој не е повреден.
Полицијата ја опколи областа и спроведува истрага. Засега се претпоставува дека цел на нападот бил центарот за тестирање.
Холандската полиција соопшти дека експлозијата во центарот за тестирање на коронавирус веројатно е намерна.
Како што јави Ројтерс, инцидентот се случи непосредно пред националните избори на 17 март, кои се претставени како референдум за справувањето на владата во Холандија со пандемијата.