Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од Владата да се обезбеди примарна вакцинација за медиумските работници паралелно со вакцинацијата на медицинските лица и најзагрозената категорија на стари лица и изменоштени лица.
„Поради карактерот на извршување на работните обврски, новинарите – репортери, снимателите, фоторепортерите се секојдневно изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот. Затоа е неопходно да се изврши нивна имунизација заедно со примарните групи предвидени за вакцинација. Македонската асоцијација на новинари МАН е подготвена да излезе во пресрет на Владата обезбедувајќи листа на членови (медиумски работници) за кои е потребна итна имунизација“,
истакнуваат од МАН.
Од таму ги повикаа своите членови кои сакаат да се вакцинираат против корона-вирусот да се пријават на официјалната е-маил адреса на Македонската асоцијација на новинари за полесна организација на самиот процес.
