Починатите се на возраст од 67 до 71-годишна возраст. Денеска регистрирани се и 122 оздравени пациенти
Во последните 24 часа во земјава се направени 3 121 тестирање за ковид-19, а од нив се регистрирани 357 нови случаи, информираа од Министерството за здравство.
По градови новите случаи се во: Скопје – 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга – по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 122 оздравени пациенти од: Скопје – 45, Кавадарци – 16, Гостивар и Дебар – по 8, Велес – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Куманово и Берово – по 4, Тетово, Кочани и Кичево – по 3, Неготино, Битола, Ресен, Струмица и Виница – по 2, Штип, Крушево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: 2 пациенти од Струга (71г и 67 г) и по еден од Штип (75г), Гостивар (71г) и Скопје (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96 872, бројката на оздравени пациенти е 87 446, на починати е 2 976, а бројот на активни случаи изнесува 6 450.
