Во болниците во земјава се хоспитализирани 579 пациенти кои се сомнителни или потврдени на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство по направениот утрински пресек.
Слободни се, пак, околу 460 кревети.
Од хоспитализираните, 230 се во ковид-центрите во Скопје, а останатите 249 се во болниците во внатрешноста.
Во Скопје најмногу пациенти лежат на Инфективната клиника – 77 и во Градската општа болница „8 Септември“ – 73. На Детската клиника во Козле, пак, има 16 пациенти.
На останатите клиники во Скопје има: Кожна – 23 пациенти, Клиника за неврологија – 30, Институт за ТБЦ – 9, Гинекологија – 2.
Во болниците во другите градови, пак, состојбата со бројот на пациенти е следна: во Битола – 18 пациенти, Штип – 36, Тетово – 25, Велес – 30, Куманово – 45, Охрид – 40, Прилеп – 28, Гостивар – 15, Струга – 17, Струмица – 22, Кочани – 3, Кичево 8, Кавадарци – 42, Гевгелија 5 и Дебар – 13 пациенти.
