Ниски температури, но и снег од утрово се забележува во земјава поради што е воведена и забрана за тешки товарни возила на неколку места.
Облачно, студено и ветровито време се очекува во текот на целиот ден, а пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови. Според УХМР, до крајот на денот, снежна покривка ќе се формира насекаде, особено во југозападните делови каде најавите се дека ќе надмине и 20 сантиметри.
Минималната температура во земјава ќе биде во интервал од-10 до-4, а максималната ќе достигне од-5 до 1 степени.
Поради снежните врнежи од утрово, како што соопштија од ЈП „Македонија пат“ е воведена забрана за тешко товарни возила на патот од Гостивар кон Кичево поточно кај Стража.
Забрана за сообраќање на камиони од 7 часот изутрината има и на патот Маврово-Дебар.
