Адил Бакиу на својот фејсбук-профил самиот објави дека стои за доменот кој предизвика забуна кај граѓаните што сакаа да се регистрираат за вакцинација
Лицето што стои зад доменот vaksajns.mk денеска било повикано во Полициската станица во Карпош на информативен разговор.
Тој ова го објави на својот фејсбук-профил.
„Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години“,
напиша Адил Бакиу.
Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски…
Posted by Adil Bakiu on Thursday, February 11, 2021
Министерството за здравство во Секторот за компјутерски криминал во МВР го пријавило доменот vaksajns.mk, кој иако само ги пренасочува граѓаните кон официјалната интернет-страница vakcinacija.mk, сепак, од МЗ сметаат дека претставува упад во системот.
