„Алкалоид“ АД Скопје регистрирал ново друштво во Велика Британија со назив ALKALOID UK LIMITED, соопшти денеска најголемата фармацевстка компанија во земјава. Новата фирма е во 100% сопственост на „Алкалоид“ од Скопје.
Според компанијата, чекорот се должи на излегувањето на Велика Британија од ЕУ а на чиј пазар „Алкалоид“ само лани остварил продажба од околу 5 милиони евра.

„Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на АЛКАЛОИД АД Скопје донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот. АЛКАЛОИД АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година“
соопштија од „Алкалоид“ АД Скопје.
Од „Алкалоид“ дополнуваат дека продолжуваат со стратегијата – компанијата да се развива како извозно ориентарана со стабилна пазарна позиција.