Доколку сите 50 сенатори од редовите на Демократската партија гласаат за осудата, потребни се глаовите на уште најмалку 17 негови републиканци
Иако официјално се нарекува судење, процесот во Сенатот не е судски, туку политички процес, а казната за осудениот е итно отпуштање од функцијата претседател, во случајов да му се забрани на Трамп во иднина да извршува јавни функции
Како што се приближува денот, станува се поевидентно дека американскиот Сенат нема да го осуди поранешниот претседател Доналд Трамп за поттикнување револт на приврзаниците кои упаднаа на Конгресот на 6 јануари, пишуваат американските медиуми.
Трамп влезе во историјата: Претставничкиот дом по втор пат му изгласа импичмент
Судењето на Трамп во Сенатот почнува во вторник, откако претходно Претставничкиот дом изгласа негово отповикување на 13 јануари, под обвинение за поттикнување револт на приврзаниците кои упаднаа во Конгресот на САД на 6 јануари, за време на сесијата на која требаше да се верификува победата на Џозеф Бајден на изборите.
Пет лица беа убиени во немирите за време на четиричасовната „окупација“ на Конгресот од страна на приврзаниците на Трамп.
Непосредно пред упадот во Конгресот, Трамп ја вжешти атмосферата на митингот во Вашингтон, повторувајќи ги неоснованите тврдења дека на претседателските избори на 3 ноември му била украдена победата и ги повика приврзаниците „до крај да се борат“ против резултатите од изборите и да протестираат пред Конгресот.

Асошиетед прес во анализата проценува дека шансите Трамп да биде осуден во Сенатот се мали, поради фактот дека многу членови на неговата Републиканска партија, кои првично остро го критикуваа за таа изјава за протестот на 6 јануари, во меѓувреме го омекнаа својот став.
Таа промена на ставот беше очигледна на таканареченото „судење“ на 26 јануари, кога само пет сенатори на Републиканската партија гласаа против предлогот да не му се суди на поранешниот претседател во Сенатот.
Тешко до 67
За да биде осуден, за обвинението за поттикнување бунт треба да гласаат 67 од 100 сенатори.
Доколку сите 50 сенатори од редовите на Демократската партија гласаат за осудата, потребни се глаовите на уште најмалку 17 негови републиканци.
Иако официјално се нарекува судење, процесот во Сенатот не е судски, туку политички процес, а казната за осудениот е итно отпуштање од функцијата претседател.
Додека некои членови на Конгресот изјавуваат дека судењето на Трамп е неуставно, бидејќи тој повеќе не е на функција, демократите и многу правни експерти не се согласуваат со тоа.
Адвокатите на одбраната веќе посочија дека ќе ја оспорат уставноста на процесот, бидејќи Трамп повеќе не е во Белата куќа.
Демократите, сепак, велат дека Сенатот, во случај на осуда, може да му забрани на Трамп во иднина да извршува јавни функции.
За да му биде забрането на Трамп да се кандидира за функцијата шеф на државата по осудата, што тој ја најави за 2024 година, сенаторите треба да гласаат повторно, но тогаш би било доволно просто мнозинство, за разлика од претстојниот процес.
А за ова подоцна да биде пониптено и да му се дозволи на Трамп да биде кандидат за Белата куќа, потребно е двотретинско мнозинство во секој од двата дома на Конгресот.
Бидејќи и демократите и републиканците имаат по 50 сенатори, одлучувачки би бил гласот на претседавачот со Сенатот, а тоа е потпретседателката на САД, демократот Камала Харис.

Неизвесно е колку ќе трае судењето на Трамп. Демократите сакаат тоа да трае кратко време, една недела или две, за да може Бајден да продолжи да ја спроведува својата амбициозна програма.
Судењето ќе го води најстариот сенатор, демократот Патрик Лихи.
(ФОТО Галерија) Се евакуира Капитол Хил откако демонстранти влегоа во зградата