Според интерен документ на СЗО до кој медиумите имале пристап, вакцините од британската компанија „АстраЗенека“ и Институтот за серум во Индија се очекува да добијат одобренија од СЗО во јануари или февруари, вакцината произведена од јужнокорејската компанија „СК Бионаука“ во февруари, додека двете кинески- во март
Светската здравствена организација (СЗО) планира да одобри неколку западни и кинески вакцини против ковид-19 во следните недели и месеци, за да се реши проблемот со недостигот и бавната испорака на вакцината низ целиот свет, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ), пренесе Н1.
Според интерен документ на СЗО до кој медиумите имале пристап, вакцините од британската компанија „АстраЗенека“ и Институтот за серум во Индија се очекува да добијат одобренија од СЗО во јануари или февруари, а вакцината произведена од јужнокорејската компанија „СК Бионаука“ во февруари.
Документот, како што пренесува Н1, исто така покажува дека СЗО размислува за брзо одобрување и на двете кинески вакцини развиени од „Синофарм“ и „Синовак Биотек“. Овие кинески вакцини би можеле да бидат одобрени во март.
Во моментов во светот се користат неколку различни видови вакцини за ковид-19, некои ги поминаа сите нивоа на тестирање, некои се уште се во последната, трета, фаза. Но, поради итноста, шест од нив веќе се користат.