Два дена по немирите во Капитол хил и упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на Конгресот, соработниците на Ненси Пелоси потврдија дека бил украден лаптоп, но според изјавите, станувало збор за уред кој се користел за презентации во конференциската сала
Американската полиција ја уапсила жената која украде лаптоп од канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, за време на упадот во зградата на Конгресот на 6 јануари, а за која ФБИ наведе дека сакала да го продаде на руски разузнавачи.
Станува збор за Рајли Џун Вилијамс од Пенсилванија чие апсење се случило вчера, наведува претставник на Министерството за правда, пренесуваат американските медиуми. Засега, не е познато кога таа ќе биде спроведена пред суд.
Федералното биро за истраги (ФБИ) во потерницата од неделата не ја обвини Вилијамс за кражбата, туку само за упад во Капитол хил.
Меѓутоа, од ФБИ брифираа дека нејзин поранешен партнер пријавил оти видел видео од Вилијамс како го зема лаптопот, кој, како што се наведува, планирала да им го испрати на пријатели во Русија, а потоа да ги продаде на разузнавачката служба на таа земја. Планот, наводно не ѝ успеал и таа го уништила лаптопот. Наводите сега ги истражува ФБИ.
Два дена по немирите во Капитол хил и упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на Конгресот, соработниците на Ненси Пелоси потврдија дека бил украден лаптоп, но според изјавите, станувало збор за уред кој се користел за презентации во конференциската сака.