Емисијата „360 степени“, по празничната пауза, вечерва (18 јануари 2021 г.) од 22:00 часот се враќа на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва ќе гледате:
– Колку борбата против корупцијата навистина е приоритет за Владата откако во просториите ветувани на Антикорупциската комисија се всели министерството на Артан Груби;
– Впишување на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО на наследства во опасност не е катастрофално сценарио, смета министерката за култура и се повикува на искуства на УНЕСКО;
– Интегрираниот пристап за заштита на сливот на Брегалница дава резултати: во реката се вратија риби и животинки што ги немаше со години – слика од терен;
– По ударот на американската демократија, на сцена нов опасен преседан со затворањето на профилите на Трамп на „Твитер“ и „Фејсбук“ – анализа;
– „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.