Новиот претседател на социјалистите е меѓу пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои беа обвинети, а потоа амнестирани за насилствата во парламентот на 27 април
Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партиа, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово.
Како што јави Сител, Димовски (62) е избран едногласно на чело на партијата на конгресот кој се одржува по смртта на Љубисав Иванов – Ѕинго, кој беше претседател на социјалистите цели 25 години.
Димовски е поранешен министер за земјоделство, во една од владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е еден од петтемина пратеници од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои беа обвинети, а потоа амнестирани за насилствата во парламентот на 27 април 2017 година.
Социјалистичката партија, која долги години е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во овој состав има уште еден пратеник (Стојан Миланов од Кратово).
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски меѓу првите му го честиташе на Димовски изборот за претседател на Социјалистичката партија.
