На 84-годишна возраст, почина поранешниот пратеник и бизнисмен Љубисав Иванов-Ѕинго.
Веста за неговата смрт ја објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) каде што тој беше почесен претседател, а беше и нејзин прв претседател по осамостојувањето.
Љубисав Иванов-Ѕинго беше роден на 8 ноември 1936 година во селото Трновац, Кратово.
Тој беше и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) и има над 30-годишно искуство како пратеник, прво во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а по осамостојувањето и во македонското Собрание.
Околу 40 години тој беше и генерален директор на рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“.