Канцеларијата за јавни работи на американскиот Оддел (Министерство) за правда синоќа објави веб страница со список на сите кои се соочуваат со обвиненија за учеството во минатонеделните насилни протести и упадот во Конгресот, во кој загинаа пет лица
Канцеларијата за јавни работи на американскиот Оддел (Министерство) за правда синоќа објави нова веб-страница со список на сите кои се соочуваат со обвиненија за учеството во минатонеделните насилни протести и упадот во Конгресот, во кој загинаа пет лица.

На страницата се наведени името и конкретните обвиненија, местото на живеење, статусот на случајот и датумот на кога се ажурирани информациите е на веб-страницата.
Обемната табела на страницата, исто така, содржи линкови до електронски копии од соопштенија и документи за наплата поврзани со секој случај поединечно. Иако уапсените се од различни сојузни држави, на веб-страницата се наведува дека секој случај поврзан со упадот од 6. јануари во Капитол Хил го гони канцеларијата на американскиот обвинител за областа Колумбија.
Освојувач на олимписки медал меѓу насилниците
Судските документи прикажуваат дека во толпата која упадна во Конгресот има и луѓе со сериозни професии, како полицајци, пожарникари, сопственик на цвеќарница, пратеник во федерална држава, воени ветерани, па дури и освојувач на олимписки медал, но и регострирани претстапници (обвинет за убиство) и припадници на екстремистички групи.

Меѓу уапсените има и лица кои се толку жестоки поддржувачи и приврзаници на претседателот во заминување Доналд Трамп, кои допатувале дури од Хаваите за да се приклучат на протестот, а кај некои е пронајдено оружје или експлозив, што ја потенцира сериозноста на заканата од упадот.


На самиот ден на упадот, полицијата уапси 14 лица, а до вчера против 80 се поднесени обвиненија. Многумина од осомничените им ја олеснија работата на истражителите и на обвинителите со отворените закани пред камерите и признанијата преку видео- снимки објавени на социјалните мрежи за време на самите протести.


ФБИ соопшти дека спроведува истраги за повеќе од 170 лица.